Дома Фудбал Англија Ливерпул го направи Ван Дијк најскап дефанзивец, еве што прокоментира Клоп

Ливерпул го направи Ван Дијк најскап дефанзивец, еве што прокоментира Клоп

По повод трансферот на Виргил Ван Дијк зборуваше стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Долгата трансфер сага конечно го дочека својот крај, Виргил Ван Дијк е нов фудбалер на Ливерпул. Холанѓанецот пристигна на „Енфилд“ за сума од 75 милиони фунти или 84 милиони евра што е рекорд кога е еден дефанзивец во прашање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот истакна дека него го интересира само фудбалот и дека не му е важно колку Ван Дијк е платен.

„Тој ќе ни донесе квалитет. Токму затоа и го доведовме. Можам да ги замислам луѓето кои ќе кажат: „премногу го плативте“, но мене тоа не ме интересира. Цената не ја одредуваме ние, туку пазарот. Навивачите на Ливерпул би требало да заборават на цената. Можеме да зборуваме само за фудбалерот и она што тој ќе ни го донесе, а тоа е квалитетот, менталитетот и карактерот. Поради тоа сме среќни“, изјави Клоп.

Сепак, многумима ќе го исмејуваат Германецот поради неговата изјава од пред нешто повеќе од една година кога го коментираше трансферот на Пол Погба за која повеќе можете да прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…