Француските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп на лето ќе го засили Ливерпул со играч од Лига 1.
„10спорт“ ексклузивно пренесува дека „црвените“ се на чекор од комплетирање на трансферот на 20-годишниот Хусем Оар. Станува збор за талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од своето деби во првиот тим на Лион одигра 53 меча и постигна 12 гола, а особено доби партии пружа оваа сезона.
Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.
Оар е Французин со алжирско потекло и по стилот на игра многу потсетува на својот идол, Зинедин Зидан.
Ливерпул наводно веќе го договорил неговиот трансфер, но најверојатно младиот фудбалер ќе остане уште една година во Лион како позајмен фудбалер.
„Црвените“ во него гледаат инвестиција за иднината, па немаат против да го останат уште една сезона во Франција.
Медиумите тврдат дека остануваат да се договорат уште некои детали и наскоро се очекува официјализација на трансферот.
https://youtu.be/I9XA2IXERxA