Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги вклучи повредените Вирџил ван Дајк и Џо Гомез во списокот на играчи кои ќе бидат пријавени за Лигата на шампиони.
Двајцата се рехабилитираат од тешки повреди и не е јасно дали ќе можат да се вратат до крајот на сезоната. Пред два дена Клоп призна дека е малку веројатно да го видиме Ван Дајк на терените оваа сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, ова значи дека се уште постојат надежи дека можат да се вратат во финалниот дел од сезоната, а за разлика од нив Матип е изоставен од списокот.
Во групата од 25 фудбалери пријавени се и новите засилувања, Бен Дејвид и Озан Кабак кои пристигнаа во јануари.