Дома Фудбал Англија Ливерпул го брка последниот воз за ЛШ на „Олд Трафорд“

Ливерпул го брка последниот воз за ЛШ на „Олд Трафорд“

Најголемото дерби во англискиот фудбал се игра вечерва на „Олд Трафорд“. Ливерпул му гостува на Манчестер Јунајтед и ќе го брка последниот воз за Лигата на шампиони.

Манчестер Јунајтед: Примарните цели се исполнети

Пред почетокот на шампионатот, управата на Манчестер Јунајтед пред своите фудбалери постави само една цел, а тоа е секако пласманот во ЛШ. Ако ги гледаме работите од тој аспект, тогаш сигурно е дека сите фанови на овој клуб можат да бидат задоволни бидејќи нивните фудбалери обезбедија плсаман веќе неколку кола пред крајот на првенството. Во овој момент се наоѓаат на втората позиција на табелата и играат солидно. Како награда за добрата игра им е финалето во Лига Европа каде што ќе се надигруваат со тимот од Виљареал. Во минатото коло беа поразени од Лестер, но искрено се очекуваше тоа бидејќи се очекуваше и мешан состав.

Ливерпул: Лошо изненадувачко сценарио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Впечатокот е дека ниту најголемите песимисти не можеа да замислат дека фудбалерите на Ливерпул ќе играат толку лошо во овој шампионат. Како што стојат сега работите, многу тешко дека Ливерпул ќе стигне до ЛШ со оглед на тоа што во овој моомент се на шестото место на табелата со седум бода помалку во однос на четвртопласираната екипа на Челзи. Секако не треба да се заборави дека овој клуб има два натпревари помалку, а тоа им дава надеж во тој поглед. На гостувањата Ливерпул изигра 16 натпревари каде што оствари седум победи, шест реми и три порази, а во последниот меѓусебен дуел против Манчестер Јунајтед  во првенството немаше голови, додека во Јануари во рамките на ФА Купот славеа со 3-2.

Предлог

Нема никаков сомнеж дека не очекува многу интересен дуел, а што друго да се очекува кога е во прашање најголемото дерби на англискиот фудбал. Со оглед на горенаведените податоци, типуваме 2 со квота 2.50 во 1xBet, а исто така може да испробате Х2 со квота 1.45 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…