Тимот на Ливерпул во рамките од 30-тото коло во англиската Премиер лига го пречека Барнли и на крајот славеше победа со 4:2.
Натпреварот не започна добро за „црвените“ бидејќи Вествуд во шестата минута ги изненади сите, па и голманот Алисон и постигна гол директно од корнер. Доколку имаше ВАР веројатно ќе беше досуден прекршок над Алисон, но бидејќи во Англија нема судијата покажа на центарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шокирано и загрижено изгледаше лицето на Клоп во наредните 15-тина минутии, но потоа работите се променија и во само 10 минути Ливерпул постигнува два гола за целосен пресврт.
Прво Фирмино во 19-тата минута погодува за 1:1, а потоа Садио Мане во 29-тата се запишува во листата на стрелци за 2:1. Резултат со кој се замина на полувремето.
Во продолжение од натпреварот продолжена е доминацијата на домашниот тим за во 67-та минута Фирмино да погоди за 3:1. Во продолжението Гудмунсон погодува за 3:2 и дава мала надеж за гостите, но потоа во 93-тата минута Мане ги постави конечните 4:2.
Сега Ливерпул може да се насочи кон реваншот против Баерн во Лигата на шампионите, а на осум кола пред крајот има еден бод помалку од лидерот Манчестер Сити. Во следното коло Ливерпул на гостински терен ќе игра против Фулам.
https://youtu.be/_93a3KFMVqE