Дома Фудбал Англија Ливерпул – Арсенал: Ослабениот Ливерпул пред тежок испит

Ливерпул – Арсенал: Ослабениот Ливерпул пред тежок испит

Денес на програмата е полуфиналниот дуел од Лига Купот помеѓу големите ривали Ливерпул и Арсенал, кои ќе се борат за билет во финалето.

Тежок испит за Ливерпул

Пред се треба да се нагласи дека во наредниот период, Ливерпул ќе биде значително ослабен бидејќи за нив нема да настапуваат Салах, Мане и Кеита кои дефинитивно се голем хендикеп, а недостатокот е поради обврски кон своите репрезентации во Купот на Афричките нации.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Избраниците на Јирген Клоп се наоѓаат на третото место на табелата со 11 бода помалку од лидерот Манчестер Сити, но добро е тоа што имаат еден натпревар помалку.

Во минатото коло Ливерпул беше актер на фантастичен натпревар на Стемфорд Бриџ каде што видовме дури четири гола и натпревар без победник.

Исто така треба да нагласиме дека на последните пет натпревари на сите натпреварувања, Ливерпул оствари две победи, две реми и еден пораз.

Поразот од Нотингем ја „расипа“ атмосферата

Во претходните неколку години сведоци сме на еден доста лош Арсенал, а ако денот се познава по утрото, тогаш ова конечно би можело да биде добра сезона за Топџиите.

Екипата од Лондон е на 5-то место на табелата со само два бода помалку во однос на четвртопласираниот Вест Хем, а всушност таа позиција е примарна цел за Арсенал со оглед на тоа што носи пласман во ЛШ.

На последните пет натпревари во Премиер лигата, фудбалерите на Арсенал остварија четири победи и само еден пораз и тоа од Манчестер Сити.

Последниот меѓусебен дуел помеѓу Ливерпул и Арсенал беше во ноември минатата година каде што Ливерпул успеа да го декласира тимот од Лондон со висок резултат од 4-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…