Дома Останати Лејно и Лакабрер во финалето на Мундијалот: Франција во драматична завршница славеше против Шведска

Лејно и Лакабрер во финалето на Мундијалот: Франција во драматична завршница славеше против Шведска

Во тежок и неизвесен меч до самиот крај, Французинките предводени од вардаровата голманка Лејно, славеа во полуфиналната пресметка против Шведска со 22:24.

Франција беше подоминантна во секој случај на мечот, иако Швеѓанките се враќаа на неколкупати од висока предност.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последен пат во вториот дел, „Триколорките“ имаа предност од 15:19, која што брзо беше апсорбирана, па Швеѓанките во 50. минута беше во игра за пласман во финалето.

Во игра гол за гол, и две грешки и исклучување за Франција, сепак тие успеаа да обезбедат пласман во големото финале и закажаа пресметка против селекцијата на Норвешка.

Ракометарка на мечот несомнено беше вардаровата чуварка на мрежата, Лејно која запиша 12 интервенции.

За потсетување, Норвешка порано денес славеше во полуфиналето против селекцијата на Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…