Дома Македонски спорт Мак ракомет Лејно : Го сакам Вардар, но немам друг избор освен да си заминам!

Лејно : Го сакам Вардар, но немам друг избор освен да си заминам!

Француската голманка во редовите на ЖРК Вардар Амандин Лејно од вчера и официјално откри дека стави потпис на договор со унгарски Ѓер Таа ќе си замине од Скопје на крајот од сезоната и ќе игра за европскиот шампион една година, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Светската шампионка со Франција во интервју со „Л’Екип“ изрази жал за ситуацијата во македонскиот шампион, за кој вели дека и донел голема радост во кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Претседателот ни најави дека нема да го води клубот на исто ниво, па не ни остана друг избор освен да бараме друга средина. Мојот агент имаше неколку понуди, а на крај изборот падна на Ѓер. Играњето за Вардар ми донесе многу работи: нова култура, нова земја, идеална средина за тренинг, тоа е спортот број еден во државата. Ми донесе многу радост. Го сакам клубот и многу ми е жал што ќе заврши вака. Тука атмосферата е прекрасна, поминав убави пет години“ , беше дел од изјавата на Лејно.

Оваа сезона, вардарки повторно се меѓу главните фаворитки за освојување на титулата во Лигата на шампионите (ЛШ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…