Дома Кошарка Лејкерс го елиминира Голден Стејт и се пласира во финале🎥

Лејкерс го елиминира Голден Стејт и се пласира во финале🎥

Лос Анџелес Лејкерс славеше со 122-101 против Голден Стејт и обезбеди финале на Западот, додека Мајами се пласира во финале на Истокот.

Лејкерс го искористи домашниот терен и славеше против актуелниот шампион, а најдобри во победничкиот тим беа Џејмс со 30 и Ривс со 23 поени.

За Вориорси Стеф Кари оствари 32 поени, шест скока и пет асистенции. Првиот меч од финалната серија во Западната конференција помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер е во ноќта меѓу вторник и средба.

Во финалето на истокот ќе игра Мајами кој со 96-92 го победи Њујорк и ја доби серијата со 4-2.

Батлер постигна 24 поени, Адебајо реализираше 23, во составот на Њујорк, а и на натпреварот убедливо најефикасен беше Брансон кој постигна 41 поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Петмина двоцифрени во Куманово, Кожув запрен со 17 поени разлика

Куманово го совлада Кожув со 91:74 и се врати на победите по поразот од Работнички. Двата …