Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси се враќаат на победничките патеки, Јокиќ солиден во победата на Денвер 🎥

Лејкерси се враќаат на победничките патеки, Јокиќ солиден во победата на Денвер 🎥

После четирите порази Лејкерси везаа две победи, во последната вечер тие го совладаа Орландо со 96:93.

Првите ѕвезди Леброн и Дејвис не го одиграа и овој натпревар, но и покрај тоа дојдоа до втори триумф. За победата најзаслужна е тимската игра, дури деветмина кошаркари на Лејкерси постигнаа поени. Прв стрелец беше Шродер со 24 поени и 6 асистенции, Кузма уфрли 21. Во редовите на Орландо најефикасен беше Беикон со 26.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јокјиќ и Денвер одново одиграа одличен натпревар. Овој пати тие славеа победа над Алтанта која беше поразена со 126:102.

Натпреварот Јокиќ го заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 10 скока. Поефикасни од него беа Мареј со еден поен и Грин со три. На спротивната страна Јанг постигна 21 поен.

Важен триумф запиша и Портланд кој во Канада пред одреден број гледачи го победи Торонто со 117:122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…