Лос Анџелес Лејкерси се една од екипите кои се силно погодени од коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поради таквата ситуација принудени се да доведат нови играчи со кои потпишуваат краткорочни договори. Последното засилување за Лејкерси е Дарен Колисон кој две години веќе не е дел од НБА.
Колисон се одлучи да се пензионира по завршувањето на сезоната 2018/2019.
Лејкерси потпишаа договор на десет дена со Колисон. Потпишувањето на договорот дојде откако тој една недела тренираше со екипи. Покрај него на Лејкерси ќе му се приклучи и Стенли Џонсон и двајцата ќе бидат во тимот за дуелот Бруклин.
Тимот на Лејкерси е во серија од четири порази во низа од која ќе се обиде да најде излез.