Уште една интересна вечер во НБА лигата е зад нас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Голден Стејт тешко му оди без Стеф Кари, Вориорсите беа поразени на петтиот од последните шест натпревари, овој пат Вашингтон беше подобар од нив со 123:115. Во отсуство на Кари се истакна Пул со 26 поени, Клеј Томпсон додаде 25, а Ендрју Вигинс 23 поени. Кај победниците најефикасен беше Кори Кисперт со 25 поени.
Дома против Јута Далас славеше со 114:100 и така се проби на четвртата позиција на Западот. До победата и овој пат беа предводени од Лука Дончиќ со 34 поени. Во редовите на Јута најдобар беше Руди Геј со 18 поени.
Вреди да се истакне и враќањето Њу Орлеанс против Лејкерси. Лејкерси имаа предност од 23 поени, но на крајот се радуваше Њу Орлеанс со резултат 116:108.
Феникс стигна до осмата победа во низа откако дома ја победи Филаделфија со 114:104. За Феникс ова беше осма последователна победа во НБА лигата.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њујорк 102:104, Бостон – Минесота 134:112, Вашингтон – Голден Стејт 123:115, Феникс – Филаделфија 114:104, Њу Орлеанс – Лејкерси 116:108, Бруклин – Шарлот 110:119, Далас – Јута 114:110