Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси во црна серија: Филаделфија им го нанесе четвртиот пораз во низа

Лејкерси во црна серија: Филаделфија им го нанесе четвртиот пораз во низа

Тимот на Лејкерси дефинитивно не е ист без своите први ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминатата вечер Лејкерси беа поразени од Филаделфија со 109:101 и ова за нив беше четврти пораз во низа. Филаделфија беше предводена од одличниот Грин кој стигна до 29 поени. Поразот на Лејкерси можеше да биде и поубедлив меѓутоа во финишот избегнаа катастрофа.

Со овој праз тие остануваат четврти на Западната конференција со скор од 28 победи и 17 порази.

На домашен терен Мајами беше поразен од Портланд со 122:125. Ова беше натпревар во кој ниту една екипа не успеа да направи поголема предност од осум поени разлика. Клучен беше фаулот над Лилард за три поени во последните секунди кога ги реализираше сите три слободни фрлања.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Мајами – Портланд 122:125, Њујорк – Вашингтон 106:102, Лејкерси – Филаделфија 101:109, Сакраменто – Голден Стејт 141:119, Сан Антонио – ЛА Клиперси 85:98

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…