Интер иако е во лоша серија веќе подолго време се уште е во добра позиција во битката за Топ 4, што е главен приоритет на клубот.
„Нероаѕурите“ заедно со Рома и Лацио ќе се борат за останатите две места кои водат во Лига на шампиони, со оглед на фактот дека првите две места се „резервирани“ за Наполи и Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека како и да се заврши сезоната за Интер, сопствениците одлучиле клубот да работи со самофинансирање. Тие ќе помогнат да растат приходите, но нема да трошат „луди“ суми на трансфери.
Поради тоа јасно е дека следното лето „нероаѕурите“ ќе мора најпрво да продаваат за да купуваат, а медиумите тврдат дека Мауро Икарди ќе биде првиот кој што ќе го напушти клубот.
Аргентинецот има клаузула од 110 милиони евра, па со тоа ќе се наполни касата на „нероаѕурите“, кои веќе пронајдоа негова замена и го договорија трансферот на Лаутаро Мартинез од Расинг.
Но тоа не е се, Интер најверојатно ќе го продаде и Милан Шкриниар за кого интерес покажуваат клубовите од Манчестер и Барселона. Вредноста на дефанзивецот значително се зголеми, па се очекува од неговата продажба „нероаѕурите“ да заработат помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Тоа значи дека Интер следното лето ќе има буџет помеѓу 160 и 200 милиони евра, со што ќе се обиде да го засили тимот во сите линии.