Денес во италијанската Серија А ја добивме и првата промена на тренерската клупа.
Првиот тренер кој доби отказ во италијанското првенство оваа сезона е тренерот на Каљари, Масимо Растели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Растели добива отказ само два дена после поразот на Каљари од Џенова (2:3).
„Му се заблагодаруваме на Растели за двете години кои ги помина во клубот, во кои со голема доза на професионализам и страст го водеше клубот. Беше протагониста во освојувањето на првото место во Серија Б, како и 11 место минатата сезона во Серија А, му посакуваме се најдобро и многу среќа во иднина“, стои во соопштението од Каљари.
Каљари после осум кола се наоѓа на 14 позиција со само шест освоени бодови. Како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Масимо Одо и Џузепе Лачини.