Дома Фудбал Лестер се договори со европски шампион

Лестер се договори со европски шампион

Играчот за врска на Бетис и португалски репрезентативец, Вилијам Карваљо се договори со Лестер, пренесуваат медиумите на Островот.

Шпанските медиуми ја потврдија веста, но тврдат дека се уште нема договор помеѓу двата клуба за отштетата.

Бетис ќе биде приморан да се согласи на трансфер бидејќи клубот нема да игра во Европа следната сезона и има финансиски проблеми.

Шпанските медиуми тврдат дека Бетис е спремен да прифати понуда од 14 милиони фунти, иако пред пандемијата Карваљо беше проценуван на 20 милиони.

28-годишниот Карваљо беше европски шампион од Португалија и беше на мета на многу клубови од Премиер лигата.

Сега е многу блиску да се пресели на Островот и да го облече дресот на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…