„Скај Спортс“ утрово пренесе дека е постигнат значителен напредок во преговорите помеѓу Лестер и Челзи за трансфер на левиот бек Бен Чилвел.
Од таборот на Лестер сега се во потрага по замена за одличниот лев бек кој кариерата ќе ја продолжи на „Стемфорд Бриџ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прв избор на „лисиците“ е аргентинскиот репрезентативец и член на Ајакс, Николас Таљафико.
Таљафико веќе постигна договор со Лестер, па се договараат последните детали од трансферот кој треба да изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.