Матијас Лесор кој неодамна беше во центарот на вниманието и во тепачката помеѓу Реал Мадрид и Партизан, сега повторно правеше проблеми на паркетот.
Лесор во вчерашниот шокантен пораз на Партизан во четвртфиналето од АБА лигата незадоволен од резултатот турна еден противнички кошаркар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кошаркарите на Студентски центар по победата беа во еуфорија и ја славеа победата, а тоа очигледно го изнервира Лесор кој го турна Данило Ивановиќ кој беше пред него.
Претходно во АБА лигата Лесор беше суспендиран на три натпревари и плати казна од 10.000 евра за тепачката со Филип Петрушев во натпреварот против Звезда.
Господин Лесор pic.twitter.com/qkTJ2vGjGx
— 🇦🇷Deadeye🇦🇷 (@EyeDeadeye) May 15, 2023