Дома Останати Тенис Лесна победа на Ѓоковиќ на стартот во Дубаи

Лесна победа на Ѓоковиќ на стартот во Дубаи

Новак Ѓоковиќ немаше проблеми и вчера го доби првиот официјален меч во 2022 година. Српскиот тенисер беше подобар од Италијанецот Лоренцо Музети со 6:3, 6:3.

Ѓоковиќ паузираше скоро три месеци, а од почетокот на оваа година не можеше да настапи поради немањето сертификат и беше депортиран од Австралија. Во ниту еден момент победата на Ѓоковиќ не беше доведена во прашање.

Треба да се потсети дека Музети го намачи Ѓоковиќ на ланскиот Ролан Гарос каде што ги доби првите два сета, а потоа Ѓоковиќ ги освои следните три.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа сигурна на стартот во Анталија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна победа го започна настапот на Чел…