Дома Видео Лео Меси откри кој е неговиот најомилен натпревар одигран во кариерата

Лео Меси откри кој е неговиот најомилен натпревар одигран во кариерата

Еден од најдобрите фудбалери на светот Лео Меси даде интервју за RAC1 кое предизвика големо внимание кај фудбалската јавност.

Меси зборуваше за тоа дека планира својата кариера да ја заврши во дресот на Барселона со надеж дека ќе игра уште неколку години на големата сцена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исто така, Аргентинецот откри и кој му е најомилен натпревар, а сигурно не му било лесно да избере од многуте одлични настапи во дресот на Барса и Аргентина.

Меѓутоа, Меси без многу дилеми кажа дека најомилен натпревар кој го одиграл е оној на Сантијаго Бернабеу во 2011. година во полуфиналето на ЛШ.

Тогаш Барса го победи кралскиот клуб со 2:0, а двата гола ги постигна Меси. Посебно импресивен беше вториот гол кога Меси направи слалом низ одбраната на Реал и го совлада Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…