Дома Останати Кошарка НБА Леонард донел одлука, а во новиот клуб му се придружува и Пол Џорџ!

Леонард донел одлука, а во новиот клуб му се придружува и Пол Џорџ!

Леонарди изгледа донел одлука! Американските медиуми како ударна вест пренесуваат дека Леонард потпиша за Лос Анџелес Клиперс.

Откако Торонто го одоведе до историската титула во НБА, Леонард стана слободен играч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постотеше голема шанса да потпише нов договор со Рапторси, но одлучи да се врати во родниот град и да потпише за Клиперси.

Оваа франшиза не губеше време, па откако го обезбедиле потписот на одличниот крилен кошаркар направиле трејд и за Пол Џорџ.

Реномираниот американски новинар Адриан Војнаровски соопштува дека Оклахома го трејдувала Пол Џорџ во Клиперси во замена за „рекордна колекција на драфт пикови“. Исто така кон патот на Оклахома ќе тргнат Данило Галинари и Шаи Гилгоус-Александер.

Инаку, зад Пол Џорџ е одлична сезона во дресот на Тандерс, а сега со Леонард ќе формираат одличен тандем.

Ќе биде интересно дербито на Лос Анџелес наредната сезона. Ќе потсетиме во Лејкерси на Леброн Џејмс му се придружи Ентони Дејвид.

Треба да се спомене дека овие потези на Клиперси не се потврдени, но американските медиуми се сигурни дека се е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…