Дома Трансфер зона Леонардо: Се уште имаме шанси да го задржиме Мбапе

Леонардо: Се уште имаме шанси да го задржиме Мбапе

По завршувањето на актуелната сезона Килијан Мбапе ќе биде слободен играч, а очекувањата се дека ќе го засили Реал Мадрид.

Сепак во Париз не се откажале од Мбапе и веруваат дека имаат шанси да го задржат. Спортскиот директор Леонардо порача дека ќе направат се за да го убедат да остане.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Дали имаме шанси да го задржиме Мбапе? Да, сигурно дека имаме. Се додека не потпишал договор со друг клуб ќе работиме тој да остане во клубот“, изјави Леонардо.

Информациите од Франција говорат дека ПСЖ веќе му понудил на Мбапе рекордни суми во вид на плати и бонуси, но не е јасно дали тоа ќе биде доволно да се спречи неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …