Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.
Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо сака во летниот преоден рок да донесе уште една бразилска ѕвезда на „Сан Сиро“, а станува збор за Евертон, кој го носи дресот на Гремио.
Овој 22-годишен крилен напаѓач е мета на многу европски гиганти и веќе дебитираше за бразилската репрезентација, но последните информации се дека „росонерите“ ги започнале преговорите.
Евертон има откупна клаузула до 80 милиони евра, но Леонардо се обидува да го договори трансферот за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Бразилските медиуми пренесуваат дека Леонардо отпатувал во Бразил да ги договори последните детали со претседателот на Гремио, а фудбалерот и самиот призна дека би бил среќен да се пресели на „Сан Сиро“.
„Многу сум среќен за интересот од страна на Милан. Тој е еден од најголемите клубови во светот. Ќе видиме што ќе се случи. Зборував со Пакета, ако преговорите завршат како што треба ќе бидеме соиграчи“, откри Евертон.
Leonardo is in Brazil to negotiate with Gremio president Romildo Bolzan the signing of Everton Soares [@RodrigoBuenoFOX] pic.twitter.com/HxWVdmQBZU
— Milan Eye (@MilanEye) April 5, 2019