Дома Фудбал Франција Леонардо: Никогаш не сме зборувале со Зидан, сите знаат дека сакаме да го задржиме Мбапе

Леонардо: Никогаш не сме зборувале со Зидан, сите знаат дека сакаме да го задржиме Мбапе

Кога Оле Гунар Солскјер беше пред отказ во Манчестер Јунајтед, Маурсио Покетино во медиумите важеше за главен фаворит за клупата на „црвените ѓаволи“, но на крајот на „Олд Трафорд“ пристигна Рагник како решение до крајот на сезоната.

Тогаш се пишуваше дека Покетино ќе го напушти Париз, а на негово место на клупата на ПСЖ ќе дојде Зинедин Зидан. Во интервју за француските медиуми спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека во клубот никогаш не биле во контакт со Зидан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Покетино дојде пред една година кога имавме проблеми. Му кажавме дека ни е потребен да ги реши проблемите и имаме време и трпение за него. Ги елиминираше Барселона и Баерн во Лигата на шампионите, изгубивме полуфинале од Сити. Потоа дојде летото и направивме што направивме, ја почнавме сезоната со одличен тим“.

„Создавањето на овој тим не е лесно, како и давањето шанса на секого. Потребно ни е време да создадеме нешто важно. Зидан никогаш не сме го контактирале, после Тухел разговаравме единствено со Покетино“.

На големо веќе се најавува заминувањето на Мбапе од Париз.

„Можеме да кажеме дека имаше период кога со повеќе ентузијазам влегувавме во разговорите за продолжување на соработката, но сето тоа е дел од градењето на односот. Сите знаат дека сакаме да го задржиме Килијан колку што е можно подолго. Имаме директни разговори со неговите родители, па ако сака да остане – ќе остане. Се уште имаме шанси да го убедиме и верувам во него“, порача Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…