Тренерот на француски Монако, Леонардо Жардим би можел да го наследи спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.
Тимот на Милан наводн осе договорил со Кампос, а според пишувањето на италијанскиот медиум „Кориере дела Сера“, Жардим е најсериозен кандидат за да го наследи Гатузо во Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
44 годишниот тренер се врати во Монако во јануари и го спаси клубот од испааљње во француската втора лига. Пред тоа сензационално ја освои титулата во Лига 1 во сезоната 2016/2017, а во истата дојде и до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Сега наводно Жардим се одлучил дека е време за нов предизвик, а тој нов предизвик би можел да биде да го врати Милан на славните патеки.
Треба да се спомене дека пред неколку недели се појави вест Гатузо сигурно ги напушта „росонерите“ на крајот од оваа сезона.
Rebus panchina al Milan: Campos può portare Jardim ?⚫https://t.co/joaFdE12G0
— Goal Italia (@GoalItalia) May 24, 2019