Дома Останати Кошарка НБА Лемаркус Олдриџ нов кошаркар на Бруклин

Лемаркус Олдриџ нов кошаркар на Бруклин

Лејкерси изминатата вечер го потврдија трансферот на Андре Драмонд, меѓутоа одговор имаше и Бруклин кој го доведе Лемаркус Олдриџ.

Бруклин го потврди доведувањето на Олдриџ кој пристигнува во клубот како слободен агент, деталите од договорот поради клупската политика не се објавено.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Олдриџ кој има 35 години важи за еден од најдобрите центри во НБА лигата со просечен учинок од 19.4 поени и 8.3 скокови во текот на неговата 15 годишна кариера.

Американецот во 2006 година беше избран како втор пик на драфтот, пред Сан Антонио настапуваше за Портланд.

Седум пати учествуваше на „Ол-Стар“ викендот и со тоа е рамо до рамо Џејмс Харден, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Блејк Грифин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Монструозниот забивач од НБА на 35 години објави крај на кариерата

Aмериканецот Блејк Грифин објави дека става крај на неговата голема кариера. Грифин ја нап…