Дома Фудбал Италија Лекција: Како да се биде препрека на Лео Меси…

Лекција: Како да се биде препрека на Лео Меси…

Стефан Ел Шарави има јасна слика што е првата задача на неговиот тим.

Имено, Ел Шарави истакна дека Рома мора да се фокусира на лимитирање на Лео Меси против Барселона. Рома гостува кај Барселона во среда од 20:45 во рамки на првиот меч од четвртфиналето во ЛШ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, пораката на Џалорс е дека немаат што да загубат против екипа каква што е Барселона.

„Знаеме дека ќе биде тешко да се игра против Барселона на „Камп Ноу“. Немаме што да загубиме. Ќе покажеме дух и ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат“, истакна Ел Шарави.

Не го криеше ниту воодушевувањето за Лео Меси, па го нарече најдобар фудбалер на светот.

„Тој е далеку најдобар фудбалер во овој момент, не зборувам само за Барселона туку во светот. Играме против најдобриот. Секогаш кога ќе ја прими топката прави нешто. Затоа мораме да имаме пристап на тоа и да го ограничиме неговото движење“, истакна тој.

Фаворитската улога пак, несомнено ја префрли кон Барселона.

„Сите велат дека не сме фаворити и тоа е вистина. Но, никој не ни даваше шанси да излеземе и од групите, па така не треба многу да се занимаваме со она што го мислат другите“, заклучи фудбалерот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…