Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас како што е веќе познато и потврдено од претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кариерата ќе ја продолжи во Германија.
Се е договорено, Лајпциг ќе плати сума од 25 милиони евра, а Елмас по 4.5 години поминати во Неапол ќе заигра во германската Бундеслига.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најавите Елиф денес треба да ги помине медицинските прегледи пред трансферот да се официјализира.
Главната причина поради која Елмас се одлучи да го напушти Наполи е малата минутажа.
Коментари