Дома Фудбал Англија Легендите отворено: Може ли Конте да добие отказ поради Давид Луиз?

Легендите отворено: Може ли Конте да добие отказ поради Давид Луиз?

konte

Антонио Конте во дербито против Манчестер Јунајтед на трибините го остави Бразилецот, Давид Луиз и со тоа крена огромна прашина во фудбалската јавност во Англија.

Во овој натпревар „сините“ славеа со голот на Алваро Мората во 55 минута од средбата, сепак медиумите на Островот и денес занимаваат со иднината на Антонио Конте.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конте по лошиот старт на сезоната со Челзи беше мета на шпекулации поврзани за неговата иднина, но овој пат во прашање не е незадоволниот фудбалер, Давид Луиз.

Бразилецот наводно пред неколку недели упатил навреда кон Конте при измената, за подоцна да ги критикува и неговите тактички замисли. Италијанецот поради тоа го отстрани Луиз од тимот, па тој натпреварот против „црвените ѓаволи“ го следеше од трбините.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека токму тој потег Конте би можел скапо да го плати.

„Секој менаџер кој се свртел против своите фудбалер заминал многу брзо. Тоа е важна одлука, Давид Луиз е фудбалер кој има големо влијание во соблекувалната, голем карактер, поради тоа тој би можел да ја изгуби работата. Ова не е крај, ова е само почеток“, изјави Невил.

Да потсетиме, Диего Коста поради критиките кон Конте го напушти тимот, додека и понатаму е мистерија зошто Конте лесно се откажа од Немања Матиќ.

Неговиот колеа, Грехем Санс смета дека Конте покажал авторитет, но и дека Луиз е важен играч на тимот кој би можел да повлече уште некој фудбалер во „војна“ против Италијанецот.

„Можете тоа да го направите ако сте во добра позиција. Тоа е навистина важна одлука. Единстен друг дефанзивец на клупата беше Ампада кој има само 17 години. Тоа е страшно голема одлука. Колку сојзуници има Луиз во соблекувалната? Можеби три или четири кој би застанале покрај него и тоа е она што менаџерот може да го направи ранлив. Не е само проблем еден фудбалер, туку пет или шест, тие шестмина би можеле да вредат и 200 милиони“, изјави Сунс.

Од друга страна Џејми Карагер застана во одбрана на Конте и неговата одлука.

„Воодушевен сум од неговата одлука. Сега отиде предалеку, менаџерот може да изгуби работи, бидејќи ја изгубил во соблекувалната, бидејќи играчите имаат моќ. Заборавете ги играчите вие сте менаџер, вие го составувате тимо“, јасен беше Карагер.

luiz

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…