Дома Трансфер зона Легендата ја шокира Барселона: Можно е да заминам!

Легендата ја шокира Барселона: Можно е да заминам!

Легндата на Барселона и шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста ги шокираше фановите и откри дека би можел да ја промени средината.

Иниеста беше поврзуван со бројни клубови изминатите години, но секогаш и беше верен на Барселона, сепак сега откри дека постои можност кариерата да ја заврши на друго место.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Секогаш постои можност кариерата да ја завршам на друго место, не во Барселона“, изјави Иниеста кој има договор со Каталонците до 2018 година.

„Не зборувам сега ништо за можноста да потпишам нов договор, но морам да ја проценам ситуацијата на темелот на моите игри во текот на целата сезона. Кога ќе го анализирам тоа, ќе донесам одлука за иднината“, заклучи Иниеста.

Во последно време медиумите го поврзуваат легендарниот плејмејкер со Јувентус и тврдат дека „бјанконерите“ веќе му понудиле договор на три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Звезда повторно ќе ја полни касата: Уште еден фудбалер пред милионски трансфер

Eкипата на Црвена Звезда одново би можела да има милионска продажба. Играше српскиот клуб …