Легендарниот фудбалер на Челзи го критикуваше летното засилување на неговиот поранешен клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челзи оваа сезона изгледа нешто поинаку од претходната, го нема Диего Коста, Немања Матиќ, тука се некои нови лица, Дринквотер, Бакајоко, Мората…
Сепак, доколку го прашувате легендарниот Френк Лампард не се сите засилувања полн погодок.
Лампард прилично критичен беше кон Бакајоко фудбалерот од средината на теренот кој се очекуваше да биде замена на Немања Матиќ.
„Тој спие. Не смее да си дозволи да биде така пасивен. Поради негова грешка, Атлетико постигна гол. Не сум баш сигурен со Бакајоко. Јасно е дека не се снајде баш најдобро. Мора да се подобри доколку сака да го задржи своето место во тимот“, изјави Лампард.