Дома Фудбал Легендата на Премиер лигата: Не знам што се случува со Халанд

Легендата на Премиер лигата: Не знам што се случува со Халанд

Се играше во 25. минута од натпреварот на „Етихад“ меѓу Манчестер Сити и Црвена Звезда кога Фил Фоден направи фантастичен центаршут од левата страна, а Ерлинг Халанд остана сам и од пет метри со глава ја погоди гредата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендата на Премиер лигата и поранешен англиски шампион со Блекбурн Крис Сатон не можеше да поверува што пропушти Норвежанецот.

„Тој мораше да биде безмилосен во оваа ситуација. Мораше да постигне гол. Беше на само пет метри од голот, само голот беше пред него.

Требаше само да ја држи главата надолу“, рече Сатон, коментирајќи ја нешто полошата игра на Халанд во последно време.

„Не можам да се сетам дека Халанд пропуштил толку многу шанси за толку кратко време откако пристигна во Сити. Обично во вакви ситуации постигнува гол.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…