Дома Фудбал Италија Легендата на Милан има предлог за Барса – Тој е вистинската замена за Нејмар

Легендата на Милан има предлог за Барса – Тој е вистинската замена за Нејмар

sacchi

Легендарниот фудбалер на Милан, Ариго Саки, одлучи да упати совет кон каталонскиот гигант, Барселона, кога во прашање е идеалниот наследник на Нејмар.

Како што е добро познато, Бразилецот Нејмар ова лето за рекордна сума од 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во редовите на француски ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоренцо Инсиње би бил перфектна замена за Нејмар во Барселона. Тој е најголемиот италијански талент во последните десет години и со сигурност достојно би го заменил Нејмар“, изјави Ариго Саки.

Да потсетиме, суперагентот Мино Раиола, во финишот од преодниот рок се обидуваше да издејствува трансфер во Барселона токму на Инсиње, но фудбалерот и клубот од Неапол одбија било какви преговори за трансфер на Инсиње.

Инсиње е производ на фудбалската школа на Наполи, но сезоната 2010-2011 ја помина во редовите на Фоџа по што се врати во Неапол. Покрај Фоџа една сезона како позајмен фудбалер одигра и за тимот на Пескара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…