Дома Фудбал Лига на шампиони Легендата на Манчестер тврди: Ливерпул може да ја освои ЛШ

Легендата на Манчестер тврди: Ливерпул може да ја освои ЛШ

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд тврди дека Ливерпул оваа сезона може да го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ го анализираше тимот на Клоп и смета дека има квалитет да триумфира во најелитниот урнир.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никој не сака да игра против Ливерпул во четвртфиналето. Мислам дека „црвените“ имаат потенцијал да го освојат турнирот“, изјави Фердинанд.

„Без разлика што некои тимови имаат големо искуство во овој турнир, кога нивното трио е во форма – не сакаш да одиш на „Енфилд“. Брзината која ја има во овој тим е она што би му отежнало на секој“, додаде легендата на Јунајтед .

Ливерпул го елиминираше Порто во осминафиналето во Лигата на Шампионите по 5:0 во првиот натпревар на „Драгао“ и 0:0 на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…