Дома Фудбал Англија Легендата на Лестер заминува во пензија

Легендата на Лестер заминува во пензија

Јамајканецот става точка на успешната кариера.

Лестер се спрема за важниот натпревар против Тотенхем за викендот, но тимот на Роџерс ја изгуби пол позицијата за место во топ 4. Освојувачот на ФА Купот ќе зависи и од резултатите на другите клубови.

Денес е објавено дека на крајот на сезоната во пензија заминува легендарниот капитен на овој тим – Вес Морган.

Јамајканецот кој не пропушти ниту еден меч во текот на шампионската 2015/2016 одлучи на 37 години да се прости од активното играње фудбал.

Покрај Морган клубот ќе го напушти Кристијан Фукс кој исто така беше одличен во таа шампионска сезона на „лисиците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира Андерсон ако Сити се казни

Манчестер Јунајтед може да добие нова шанса за потпис со Елиот Андерсон ако Манчестер Сити…