Искусниот ракометар на Барселона, Виктор Томас денес на пресконференција ја изненади јавноста со вестите дека ќе ја заврши својата кариера.
Капитенот на Барселона целата своја кариера ја помина во каталонскиот клуб, но сега поради проблеми со срценто на 34 години ќе мора да стави крај на кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Клупските доктори открија срцев проблем, кој доколку продолжам со активното играње ракомет може да се донесе сериозни здравствени проблеми. Тоа е единствената причина поради која на крајот на сезонава морам да ставам крај и на мојата играчка кариера“, објави Виктор Томас на пресконференција.
Томас цели 15 години е дел од првиот тим на Барселона каде има 11 титули во Шпанија, три трофеи во Лигата на шампиоините, 10 во Купот на кралот.
? @VictorTomas8 anuncia su retirada a final de temporada#GràciesVictor pic.twitter.com/RADeRpWcKg
— Barça Handbol (@FCBhandbol) February 3, 2020