Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави предвремено заминување на лето, а дали ќе замине како шампион останува да видиме.
Нè очекува многу возбудлив финиш на Премиер лигата. По ремито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити (1:1) во неделата, Арсенал е лидер со 64 бодови, исто толку имаат и Црвените, додека Сити е трет со 63 бодови. Остануваат уште десет кола, па ќе биде вистински спектакл да се гледа битката за шампионот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неутралните љубители на фудбалот ширум светот сакаат Клоп да ја напушти Англија како победник и да ја освои титулата за да ја заврши својата голема ера во Премиер лигата.
Клоп му ја донесе титулата на Ливерпул во 2020 година, ја освои и Лигата на шампионите, а посебно го пофали англиската легенда Гери Невил, кој беше исклучително успешен како играч под водство на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.
Невил, кој одигра вкупно 602 натпревари за Јунајтед помеѓу 1992 и 2011 година, имаше само пофалби за Клоп во неговата анализа по натпреварот на „црвените“ против Сити.
Поранешниот дефанзивец се уште е емотивно близок со Јунајтед, еден од главните ривали на Ливерпул, па затоа низ смеа вели за Клоп:
„Посакувам да не беше менаџер на Ливерпул и едвај чекам конечно да си замине, затоа што додека е тука, Ливерпул има големи шанси да биде успешен“.
Всушност, заминувањето на Клоп ќе биде „горчлива загуба за Ливерпул и горчлива загуба за Премиер лигата“, вели поранешниот играч на Јунајтед.