Пол Сколс по завршувањето на кариерата често го критикуваше Манчестер јунајтед и им даваше совети што да прават.
Ако некој може да се пофали со одлична кариера, тогаш еден од нив е Пол Сколс, поранешниот играч на Манчестер јунајтед, кој цел живот го посвети на клубот и имаше 718 настапи за „црвените ѓаволи“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сколс реши да го избере најдобриот тим на Јунајтед во историјата, а немаше многу дилеми за тоа.
Поранешната ѕвезда на Јунајтед на голот го стави Питер Шмајхел, пред Едвин Ван дер Сар. Во одбраната се Гери Невил, Јап Стам, Рио Фердинанд и Денис Ирвин, а место немаше за Немања Видиќ и Патрис Евра. Во средината на тернеот се Дејвид Бекам, Рој Кин и Рајан Гигс, додека напред се Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој.
Инаку, Сколс со „црвените ѓаволи“ има освоено 11 титули во Премиерлигата, два трофеи во ФА Купот, како и два во Лигата на шампиони.