Томас Тухел на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Баерн Минхен и откако тоа е потврдено веќе денови наназад се шпекулира кој би можел да биде неговиот наследник.
Се споменуваа повеќе имиња, тука се: Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Антонио Конте, Жозе Мурињо, Ханси Флик, Унаи Емери, Јулијан Нагелсман…Во јавноста сега се огласи легендата на германскиот фудбал кој понуди и едно малку изненадувачко решение според сите споменати досега.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, според Матеус Себастијан Хенес кој има 41 година и одлично го води Штутгарт би можел да биде идеално решение.
„Тренер за кој верувам дека може одлично да го води Баерн Минхен е Хенес. Би требало да добие поддршка, неговото име доволно зборува. Хенес има ген на Баерн и прави фантастични работи со Штутгарт кој е блиску да го одведе во Лигата на шампионите“, објави Матеус.
Хенес ги водеше младите екипи на Лајпциг и Баерн, како и втората екипа на гигантот од Минхен, а од 2020 до 2022 година беше тренер на Хофенхај,. Штутгарт го презема пред една година и го спаси од испаѓање, а во овој момент тие се на третата позиција во Бундеслигата со 47 бодови.