Дома Фудбал Италија Легендарниот Дел Пиеро даде коментар за слободните удари на Роналдо

Легендарниот Дел Пиеро даде коментар за слободните удари на Роналдо

Алесандро Дел Перо во Јувентус остави длабока трага.

Италијанската легенда Алесандро Дел Пиеро во текот на својата кариера посебно беше препознатлив по своите маестрални слободни удари. Кога Јувентус имаше слободен удар во зоната на удар противничките голмани секогаш беа ставани на тежок испит.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големиот Дел Пиеро во својата долга кариера постигна 290 голови, а 42 од нив ги постигна од слободни удари.

Кристиано Роналдо ова лето премина од Реал Мадрид во Јувентус и од самото негово доаѓање беше јасно дека тој ќе биде првиот избор за слободните удари иако тука се Пјаниќ и Дибала.

Роналдо има голем допринос за Јувентус, но сепак се добива дека повеќе не добар во слободни удари како што беше некогаш.

Дел Пиеро сега доби прашање за тоа дали Роналдо е подобар изведувач на слободни удари од него.

„Кристиано е добар, но мислам дека во последно време не вежба доволно“, се пошегува Дел Пиеро и продолжи:

„Роналдо е многу добар изведувач на слободни удари и има одличен рекорд во таа категорија. Среќен сум поради она што го направи против Атлетико Мадрид. Сега мора да ги направи навивачите на Јувентус среќни и се надевам дека ќе постигне многу голови од слободни удари или на било кој друг начин, најмалку важно е тоа како ќе ги постигне“, изјави Дел Пиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …