Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев ја отфрли можноста Месут Озил да се врати во репрезентацијата.
Пред неколку месеци, Озил соопшти дека повеќе нема даи гра за Германија, бидејќи како што тој наведе е дискриминиран поради неговото турско потекло, а се започна со фотографијата на кој тој се фотографираше заедно со Ердоган.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германските новинари ги интересираше дали Лев во меѓувреме разговарал со играчот за врска, односно дали постои можност тој да се врати во националниот тим.
„Колку што јас сфатив, тој јавно објави дека не сака да игра репрезентацијата на Германија со што ја отфрли можноста за враќање и самиот себе си ја затвори вратата“, изјави Лев и додаде:
„Веќе кажав дека се обидов да стапам во контакт со него, но не го добив. Самиот го избра тој пат и ние ќе го прифатиме. Сепак и понатаму тврдам дека е еден од најдобрите играчи кои оваа селекција ги имала во последните 20 или 30 години“, заврши Лев.
Озил за Германија одигра 92 официјални натпревари.