Селекторот на Германија, Јоаким Лев истакна дека на неговата репрезентација ќе и биде исклучително тешко да ја одбрани светската титула, но додаде и дека постои голема желба кај неговиот тим.
Репрезентацијата на Германија ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена пред четири години во Бразил и така да стане втората репрезентација на која и успеало такво нешто после Бразил во 1962 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак Лев знае дека ќе биде тешко.
„Такво достигнување е навистина тешко, но гладот и амбициите дефинитивно се присутни“, изјави Лев на конференцијата за новинари.
И покрај тоа што скоро цела сезона беше повреден, Мануел Ноер ќе биде неговиот прв избор.
„Изгледа самоуверено на тренинзите, тоа е Мануел Ноер каков што го познаваме. Многу мирен, стабилен и расположен“, заврши Лев.
Германија денес го започнува Мундијалот со натпреварот против Мексико.