Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.
Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми „фармацевтите“ веќе ја поставиле цената и ги шокирале заинтересираните клубови.
Имено, Баер за слободата на својот „бисер“ бара неверојатни 130 милиони евра, а за Хаверц интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус, Барселона…