Шпанскиот весник „Марка“ објави дека македонскиот репрезентативец Енис Барди има повисока цена од осум милиони за разлика од минатата година, па доколку Леванте реши да го продаде, сигурно ќе заработи многу пари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барди пред три години пристигна во шпанскиот тим за 1,5 милиони евра од Ујпешт и слободно може да се каже дека неговата цена скокна вртоглаво.
„Марка“ пишува дека Македонецот во моментов вреди околу 30 милиони евра, поради тоа што Македонецот заврши како најдобар стрелец на тимот по рестартот на сезоната во Ла Лига.
Леванте ја заврши сезоната на 12. позиција на табелата во Ла Лига, а тоа е напредок од три позиции за разлика од минатата година.