Баерн синоќа на Маракана ја победи Црвена Звезда со високи 6:0 во натпревар од 5. коло во групната фаза на ЛШ.
По првото полувреме Баварците преку Горецка поведе со 1-0, а потоа постигнаа уште пет гола, од кои четири беа на Роберт Левандовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Напаѓачот на Баерн е брилијантен оваа сезона, а тоа го потврди уште еднаш во натпреварот на Маракана, каде ја затресе мрежата на противникот четири пати за само 15 минути.
Полскиот репрезентативец во сите натпреварувања оваа сезона, вклучително и настапи за својата репрезентација постигна 32 погодоци и делува незапирливо.
По натпреварот против Црвена Звезда, Левандовски се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Морам нешто да ви признам, зависен сум од постигнувањето на голови“.
I have to confess….I am addicted to scoring goals ?⚽⚽⚽⚽ @FCBayern
— Robert Lewandowski (@lewy_official) November 26, 2019