Еминентниот германски весник „Билд“ пренесува дека напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски му бил предложен на Манчестер Јунајтед.
И покрај противењето на Баерн агентот на Левандовки, Пини Захави е решен ова лето да го „пресели“ својот клиент и му го понудил на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн е разочаран од односот на Левандовски, кој јавно побара трансфер, па од клубот решија да прифатат само понуди кои ќе бидат барем 200.000.000 евра!
Тоа е главниот проблем на „црвените ѓаволи“ кои не се спремни да ја платат таа сума, иако Мурињо е симпатизер на играта на полскиот напаѓач.
Приоритет на Левандовски е трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат други планови, поради што Захави доби зелено светло да го понуди на други клубови.
Покрај Јунајтед, израелскиот агент во следните денови ќе разбовара со раководните луѓе на ПСЖ и Челзи.
Левандовски во август ќе наполни 30 години, па тешко дека некој од споменатите клубови ќе се согласи да плати 200 милиони евра.