Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе оди на операција после мечот со Волфсбур, кој на програмата е овој викенд.
Оваа информација ја потврди и тренерот на Баварците, Ханзи Флик на денешната пресконференција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роберт ќе биде опериран веднаш после утрешниот меч. Не сакаме да губиме време. Рехабилитацијата ќе трае помеѓу 10 и 14 дена“, изјави Флик.
Полскиот голгетер има потреба од операција на долниот дел од грбот, а потоа му следи рехабилитација и за околу 2 недели ќе се приклучи на зимските подготовки на клубот.
После овој меч следува зимска пауза во Бундеслигата, па се очекува Левандовски да не пропушти ниту еден натпревар и да биде спремен за следниот меч на Баерн на 19-ти јануари.