Започна гламурозната церемонија за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.
Целиот фудбалски свет е во исчекување во чии раце ќе заврши најпрестижната награда. На самиот старт веќе се доделени две награди и тоа за најдобар напаѓач и најдобар млад фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобар млад фудбалер е избран Педри од Барселона, кој одигра одлична сезона со каталонскиот клуб и на ЕП со шпанската репрезентација.
За најдобар напаѓач е избран Левандовски, а многумина сметаат дека тоа е само утешна награда за Полјакот, кој е еден и од фаворитите за „Златната топка“.
The striker of the year award goes to… Robert Lewandowski ! 🦾 #ballondor pic.twitter.com/OEy9mlSjki
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021