Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ги откри проблемите од пред неколку години со Јирген Клоп во Борусија Дортмунд.
Ќе потсетиме, Левандовски, Куба Блажиковски и Лукас Пишчек некогаш беа стандардни членови од првиот тим на Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак сега Левандовски откри дека Клоп токму нив ги обвинувал кога нешто не одело како што треба.
„Кога тимот не беше во форма, Клоп ни проговараше само на нас Полјаците. На еден натпревар викаше Куба, Куба..Иако тој не бше воопшто во игра. Тоа го покажа начинот на кој размислува. Неговиот прв инстикт кога нешто не е во ред беше да обвини некој од Полјаците“.
„После еден разговор кој го водевме, Клоп сфати дека нема симсла секогаш нас да не обвинува и дека не сме секогаш ние виновни“, откри сегашниот напаѓач на Баерн Минхен.
Левандовски во Борусија настапуваше од 2010 година до 2014 година и за тоа време запиша 131 настап и постигна 74 погодоци.