Роберт Левандовски ова лето се пресели во Барселона и одлично ја започна својата авантура на „Камп Ноу“, иако неговиот тим беше елиминиран во групната фаза од ЛШ.
Левандовски истакна дека не очекувал се да биде перфектно во првата сезона во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше многу лесно да се адаптирам. Од почетокот комуникацијата со новите колеги беше одлична. Сега сум во клубот во кој сакам да бидам и сум среќен. Знаев дека не може да биде се прекрасно во првата сезона, ќе имаме проблеми, но наша цел е да освоиме што е можно повеќе трофеи“, изјави Левандовски.
„Во Баерн беше одлично, но сакав да избегам од зоната на конфор. Мојот избор беше Барселона, уште како млад сакав да играм за овој клуб и сега желбата ми се исполни. Исто така сакав да запознаам друга култура и друг јазик“, додаде Полјакот.